Skip to main content

Субвенционирање на граѓаните

Градоначалникот Пецаков го поништи јавниот повик за субвенционирани клими

Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе може да ги подигнат документите со кои аплицирале.
 |  инфодеск  | 
повик клими

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2023 година е поништен, известуваат од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во чии рамки се спроведува проектот „Подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид – субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023 година“.

„Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година, објавен на 06.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот на Општина Охрид.“ – велат од локалната самоуправа.

Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе може да ги подигнат документите со кои аплицирале.