Skip to main content

Осветлено помошното фудбалско игралиште со вештачка трева

Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусираат во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови.
 |  инфодеск  | 

Преку проект реализиран од Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” осветлено помошното фудбалско игралиште со вештачка трева.

Ова доаѓа после повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови од градот, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Додава дека општината заедно со ЈП Билјанини Извори продолжуваат максимално да се фокусираат во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови.

– Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу, вели градоначалникот.

Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници. Следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач, вели во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.