Градоначалникот Пецаков се сретна со австрискиот амбасадор Памер
Во фокусот соработката со Тирол и поддршката за спасувачките служби

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер.
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид и австриската покраина Тирол, која во изминатиот период донираше возила и опрема за Територијалната противпожарна единица во Охрид. Посебен акцент беше ставен и на можностите за поддршка на планинските спасителни служби.
Соговорниците разменија мислења и идеи за воспоставување поблиска соработка меѓу Охрид и градови во Австрија во повеќе општествени области, со цел развој на партнерства и реализација на заеднички проекти.







