Градоначалникот Кирил Пецаков го честита 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани.
-Да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска држава. Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од египќаните, стои во честитката на градоначалникот.