Градоначаникот Пецаков со честитка по повод денот на Балканските египќани
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 јуни, денот на Балканските египќани.

Градоначалникот Кирил Пецаков го честита 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани.
-Да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска држава. Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од египќаните, стои во честитката на градоначалникот.




