Skip to main content

Министерство за животна средина и просторно планирање

Градоначалникот Пецаков во посета на министерката Каја Шукова

Mинистерката Шукова информираше за начините на кои Министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина со посебен акцент за заштитата на УНЕСКО.
 |  инфодеск  | 
Пецаков средба со Шукова

Денес во посета на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова беше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

На средбата се разменија информации за тековните и планираните активности на локалната самоуправа, а министерката Шукова информираше за начините на кои Министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина со посебен акцент за заштитата на УНЕСКО, преку тековните Програми на Министерството, како и важноста на проактивното учество на општината во идните активности кои ќе се спроведуваат во рамките на Регионален проект за цврст отпад – информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.