Градоначалникот Бакрачески ги посочи досега сработените проекти за време на неговиот мандат
Градоначалникот Бакрачески ги посочи досега сработените проекти за време на неговиот мандат.
Градоначалникот Никола Бакрачески даде отчет за досега сработените проекти во општина Охрид за време на неговиот мандат. До сега успеавме да инвестираме над 179 милиони денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и дополнително уште пет кружни токови. Изградивме нови линии за атмосферска и фекална канализација во должина од 12 570 метри во вредност од над 89 милиони денари, а поставени се водоводни линии во должина од 8 000 метри со вкупен износ од над 25 милиони денари. Охрид и охриѓани за многу скоро ќе се радуваат на отпочнување со градбите на капиталните инвестиции, најави Бакрачески.
Автобускиот терминал, градскиот зелен пазар, Конгресниот центар во Далјан, реконструкцијата на градскиот Кеј, три катни гаражи, ги наброја ивестициите кои ќе следуваат. Бакрачески за катната гаража кај Ривиера кажа дека е започната постапка за експропријација на земјиштето. Средствата за екпроприајција треба да ги обезбеди инвеститорот,a даночната основа на имот на сопственците ќе е основата за формирање на цена за експропирјација на земјиштето, кажа Бакрачески.
„Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор според утврдена постапка ќе ја одредува цената на градежното земјиште. Сопственик на поголемиот дел од земјиштето е РМ, а за другиот дел, сопствениците ќе бидат задоволни од цената за градежното земјиште која ќе е спроведена во законска постапка“, истакна Бакрачески.
Една од главните карактеристики по која е препознатливо работењето на овој состав на локалната самоуправа во делот на инфраструктурата е изградбата на пешачки и рекреативни зони, кажа Бакарчески. При тоа најави уште еден градежен зафат.
„Во периодот што следи планираме да почнеме со партерно и хортикултурно уредување на уште неколку вакви локации, а прва ќе биде просторот пред Стопанска Банка – Битола во Стариот дел на градот каде ќе се изгради мал автентичен плоштад според модифициран проект изработен од Завод и Музеј Охрид,“ посочи градоначалникот.
Во овој момент инвестираме во повеќе пешачко – рекреативни зони на неколку локации во градот како што се патеките кај Горица, каналот Студенчишта, Кошишта -Лабино, кажа Бакраечски. Досега реализиравме над 400-тини проекти од различни сфери сите според потребите на граѓаните. При тоа напомена дека неговата и работата на неговите соработници е во континуираното, посветено, чесно и транспарентно инвестирање во инфраструктурата, во капитални инвестиции и во општеството, кој не се менува од првиот ден на мандатот, па до денес.