Skip to main content

Градоначалникот Бакрачески се сретна со охридските гимназијалци

Градоначалникот  Бакрачески се сретна со охридските гимназијалци.

 |  Валентина Неловска  | 
гимназијалци
гимназилјаци

На првиот училишен ден градоначалникот Никола Бакрачески на учениците од гимназијата Св. Климент Охридски им посака успешен старт во претстојната  учебна година. Тој не средбата  со гимназијалците во емотивно и  искрено обраќање  им порача постојано да се да се трудат  да го надградуваат своето знаење. Ги поттикна  да бидат истрајни во своите соништа и желби, да не се предаваат пред препреките и проблемите туку цврсто да газат по зацртаната патека.
ученици
„ Не може д а се откажете од учењето за да добиете само добра работа. Мора да се трудите да се обучувате и учите. Ова не е важно само за вашиот сопствен живот и за вашата иднина. Она што ќе направите денес со вашата едукација ќе ја одлучите иднината на овој град и оваа земја“, рече Бакрачески.

Бакрачески им укажа на потребата од нивната креативност и генијалност која треба да  ја развиваат по  сите предмети. Сето тоа е потребно за да изградиме нови компании кои ќе создадат нови работни места и ќе ја збогатат нашата економија, рече во своето обраќање Бакрачески.
ученици
„ Треба секој од вас да ги развива своите таленти и вештини и интелект за да помогне во решавање на нашите најтешки проблеми. Ако не го сторите тоа, ако го прекинете школувањето Вие не сте раскинале  само со себе туку и со нашиот град и земја, напомена градоначалникот.

Градоначлникот Бакрачески даде одговор и на неколку   прашања кои му ги упатија средношколците. Едно од нив беше кога ќе се постави мрежа на игралиштето кај Сараиште, градоначалникот вети  дека таа ќе се постави за 10 -тина денови.

{loadposition content9}