Skip to main content

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на градежните зафати на улица Илинденска

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на градежните зафати на улица Илинденска.

 |  Валентина Неловска  | 
bakraceksi

Во моментов интензивно се работи на санација на камените плочи на улицата Илинденска во Стариот дел на градот во должина од 420 м2.  Градоначланикот Никола Бкарчекси со своите соработници беше во обиколка на тековните и завршените градежни работи на улиците и потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Завршени се санацијата  на еден крак од улицата Кузман Капидан која води кон Самоилова Тврдина во должина од 320 м2, Коста Абрша, Кочо Рацин, Аргир Маринчев, Нада Филева, Климентски универзитет.  

gradonacalnik„ Во текот на годинешниот план за работа и она што ќе остане за наредната година ќе се санираат улички и потпорни ѕидови  кои со децениие не биле санирани, а биле оштетни или денивелирани.Се надевам дека на задовослтво на граѓаниет од Варош , Месокастро и Кошишта ќе уредат улиците и потпорниет ѕидови според утврдената динамика“, кажа Бакрачески.

Горан Патчев , претседателот на урбана заедница Стар град, изрази благодарност од името на жителите кои живеат во најпосетуваниот дел од Охрид.

„Ме  радува фактот што релативно брзо нашите иницијативи на жителите кои ги поднесовме до ЛС влегоа во годишната програма и се реалзираат, а  со исто темпо ќе продолжат понатака и започнатите“, рече Патчев.

bakraceski

 

Покрај годинешната санација на улиците во Стар дел, мината година  беа асфалтирани 2700 м2  од улицата Кирил и  Методи, а исто така на неа беше изграден и  потпорен ѕид во должина од 150  метри. Беа поплочени улиците пред Св Софија, уреден паркингот кај Долни Сарај , а се интервенираше и на уличките во Канео. Планирано е да се работи и на патеката кон Канео за да се добие автентичен изглед на пределот со гранитни плочи наместо доегашните бекатонки.