Skip to main content

Градоначалникот Георгиески со честитка за денот на сесловенските просветители

Честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по повод денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

 |   | 

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Северна Македонија по повод 24 мај-Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

–Светите Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик. Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености. Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување. Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста обединува многу народи. Нека е вечно името на светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години.-се вели во честитката на Георгиески.