Градоначалникот ги претстави првите 100 дена од развојот на Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески даде отчет за сработеното на локалната во првите 100 дена посветени на развојот на Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека сто дена се доволен период да се направи една рамка на активностите на локалната самоуправа, која понатака треба да се надоградува и разработува.
Бакрачески потенцираше дека со неговото доаѓање на чело на општина Охрид, локалната отпочна нов начин на управување и функционирање, со проекти како што кажа претходно преставени во изборната Програма.
Градоначалникот призна дека финансиските обврски на општината кои достигаат околу 32 милиони евра, неорганизирана и неефикасна администрација, 428 судски спорови за неподмирени обврски и блокирана жиро сметка е состојба, која е далеку понеповолна од претпоставките кои ги имале пред да ја превземе функцијата. „Состојбата со општинските јавни претпријатија исто така е многу тешка”, истакна првиот човек на Охрид.
„Преголеми долгови кои неможат да ги сервисираат, блокирани сметки и огромна превработеност во администрацијата, ги намалуваа перформансите на овие субјекти, загрозувајќи го нивното функционирање. Со спроведување на сосем нов концепт за управување, каде што Јавните претпријатија имаат зголемени обврски во својата работа, воведовме нов менаџмент во управувањето и прифаќање на нови форми на дејности кои може да ги извршуваат. Општинските Јавни претпријатија почнаа редовно да ги подмируваат обврските кон вработените за плати, да ги подмируваат обврските кон добавувачите и да ја вратат довербата кон граѓаните и кон економските партнери”, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Градоначалникот во своето обраќање се осфрна и на состојбата во Општинските основни и средни училишта. Тој кажа дека и покрај тоа што пред 100 дена ги затекнале со долгови за струја, нафта и превоз, а дел од нив и со блокирани сметки, сега за само 3 месеци во општина Охрид нема училиште кое има блокирано сметка, а како дел од Програмата за развој на образованието, во текот на оваа лето ќе почнат да се санираат сите оние градежни и комунални проблеми кои беа евидентирани изминатиот период.
Бакраески призна дека покрај сите затекнати проблеми тимот во локалната многу сериозно се заложил кон решавање на проблемот со енормно големиот долг што го има општината кон доверителите.
“Многу блиску сме до изнаоѓања на решенија со најголем дел од доверителите за кои е блокирана сметката и мислам дека во најголем дел од еден месец конечно после долги години ќе имаме одблокирана сметка за прв пат Општина Охрид ќе може да работи со сметка која ќе биде одблокирана. Формиравме Локален Економски Совет или Совет на Градски Татковци во кој партиципираат докажани имиња во своите проефесии, по потекло од Охрид, кои се состануваат пленарно најмалку еднаш месечно и ги разгледуват конкретните предлози и проекти поврзани со еконономскиот развој на општина Охрид”. додаде Бакрачески.
Градоначалнкот не пропушти да каже и за заложбата на локалната за забрзување во процесот на легализација на бесправно изградените објекти, како и за напорите кои ги вложува локалната за решавање на инфраструктурните зафати, при тоа потенцирајќи што се е асфалтирано и што треба да се доработи во следниот период. Градоначалникот додаде дека после асфалтирањето на урбаниот дел, локалната механизацијата ќе ја пренасочи кој руралните средини.
Бакрачески ја спомена санацијата на електричната инсталација и реконструираниот опожарен влез во зграда за рекордно време, но се осфрна и на отворањето на посебна инфо-точка во општинската зграда наменета за лицата со посебни потреби.
Од културниот дел првиот човек на Охрид ја спомена манифестацијата БЕЛО ЛЕТО, со што симболично беше најавен почетокот на летната сезона преку еден нов урбан имиџ.
Од идните проекти градоначалникот вети дека тимот кој ја води локалната и понатака силно ќе биде сконцентриран на реализација на проектите кои беа дел од понудената програма. Бакрачески кажа дека во моментов се изработува документација на изградба на првата технолошко- индустриска зона во Охрид, која треба да се изгради на локалитетот Мауцкер. И дека во завршна фаза е ревизијата на Стратегијата за економски развој на општина Охрид, која предвидува нов период во економскиот развој на општина Охрид, потенцирајќи ги Проектот за изградба на затворен пливачки базен, изградба на катна гаража во близина на Градскиот пазар. Градоначалникот кажа дека конечно Охрид ќе добие и Сообраќајна студија за Охрид, која долгорочно ќе го реши проблемот со сообраќајот во градот.
„Сите овие активности и зафати се само мал дел од големата одговорност што ја имаме кон граѓаните на Општина Охрид и затоа Ве уверувам дека во наредниот период силно ќе бидеме сконцентрирани на реализација на проектите кои беа дел од понудената програма, а најголемите од нив се започнати или се во фаза на имплементација”, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
{loadposition content9}