Skip to main content

Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните

Отчет пред граѓаните по изминати 100 дена од назначувањето на градоначалникот Јован Стојаноски. Градоначалникот кажа дека иако времето е кратко, а и периодот во кој беше назначен бил турбулентен заедно со неговиот тим успеале да реализираат некои проекти од суштинско значење за градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните по изминати 100 дена од неговото назначување на оваа функција. Тој рече дека и отчетот е дел од ветувањата кои ги дал за време на кампањата дека ќе работи транспарентно, а охриѓани ќе бидат информирани за се она што се случува во општината. Градоначалникот кажа дека иако времето е кратко, а и периодот во кој беше назначен бил турбулентен заедно со неговиот тим успеале да реализираат некои проекти од суштинско значење за градот.


Листата на проекти на општина Охрид за 2018 година е следна: Во лошо време беа изборите, донесувањето на буџетот и она што го затекнавме како буџет. Првенствено немаше можност за објава на тендери, не беа оставени и не најдовме ниту еден проект. Периодов го започнавме со објавување на тендери за изработка на проектни документации. Општина за сите е оној проект којшто го зацртавме, го ветивме и ги отворивме вратите за сите граѓани на Општина Охрид. Го отворивме и новото крило на општинската зграда. Проект„ Од 20 до 20- ти сите во Охрид“, рече Стојаноски.

Од инфраструктурните проекти градоначалнико ги издвои следните: Реконструкција на кровот од градинката „Развигорче“. Вредноста на проектот е 740 000 денари, Промена на системот за греење во градинката „Росица“ со проценета вредност од 356.000,00 денари. Реконструкција на ул. „Коста Абраш“ која вклучува и уредување на плоштад „Табана“. Проценетата вредност на проектот е 35.000,00 евра. Реконструкција на плоштадот „Чинар“со краковите „Гоце Делчев“ и „7-ми Ноември“. Изградба на пешачка патека од Саат кула до старото училиште „Свети Сава“. Проценетата вредност на проектот е 17. 500,00 евра. Целосна реконструкција и поставување на атмосферска канализација на улица „7-ми Ноември“ од кружен тек кај Здружение на возачи до пресекот со улица „Егејска“. Улица „Абас Емин“. Започната еи реконструкција на регионалниот пат Косел – Вапила.

Завршени се договорите со Владата на Р. Македонија и министерството за животна средина и просторно планирање за да го доизградиме и реконструираме колекторскиот систем. Пренасочување на река Сатеска во старо корито со што решаваме голем број од Еко проблемите. На река „Грашница“ се планира систем на брани и каскади за спречување на можни наноси, а ќе бидат поставени и решетки за фаќање на цврст отпад. Изработка на студија за Студенчишко блато.Решавње на проблем за изградба на марина, рече Стојаноски.


Како еден од најважните проекти за охриѓани кој го посочи градоначалникот е воведувањето на гасификација во Охрид и целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Стојаноски во својот отчет кажа дека досега се одржани 6 седници на Советот на Општина Охрид , а е изгласан и буџетот. Формирани се надзорни и управни одбори. А одржани се и многу средби со претставници на Месните и Урбаните заедници на кои се сослушуваат барањата на охриѓани, проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот и заеднички се бараат решенија за нивно надминување.