ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“ И ВО ЕЛШАНИ
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани.
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани.

Деновиве се одвиваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото корито на реката Сушица. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Изведувач на активностите е АД „Илинден“, а вкупната сума предвидена за реализација на овој проект е 8 200 000 денари.

А во селото Елшани пак, се одвиваат активности за чистење на коритото од суводолицата на делови каде што при зголемени врнежи од дожд локалното население се соочуваше со проблеми.