Skip to main content

Градската фонтана позелене

Градската фонтана наместо гордост, срам за Охрид. Од ЈП „Комуналец“ објаснуваат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што е поради несоодветната изведба на филтрите кои  служат за прочистување на водата, но и поради отпадоците кои несовесните граѓани ги фрлаат во неа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
fontana
Фонтана

Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик  на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота.

Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.
Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните.fontana


Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што е поради несоодветната изведба на филтрите кои  служат за прочистување на водата поради што се појавуваат алги, но и поради отпадоците кои несовесните граѓани ги фрлаат во неа. Директорот, Сашо Алчев објаснува дека многу често и по двапати на ден ги чистат отпадоците од фонтаната, но доволно е само некој од минувачите да фрли хартија или отпушок па сликата да биде неубава. Одржувањето на фонтаната е задача на Јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“ која интервенира кога има дефект на системот.

Инаку, да потсетиме дека пред две год.  од Локалната самоуправа најавија дислокација на фонтаната, а на нејзино место се планираше да се подигне споменик на Цар Самоил. Засега ова останува само како идеа.