Градскиот пазар добива лифтинг
Ова е само дел од зафатите кои ги презема Јавното претпријатије „Градски пазар“ во рамките на своите финансиски можности се со цел да се доведат во ред површините од овој објект, на кои најитно им е потребна интревенција.
Се разубавува градскиот пазар. Живка Ангелоска директорката на ЈП „Градски пазар“ вели дека ова е обид во рамките на нивната финансиска моќ, да санираат одредени површини од овој објект. Инаку неговиот запуштен изглед со годни беше тема на неброени прес конференции.
„Сепак сметам дека премногу се користи таа кровна конструкција како некој изговор, но јас лично сметам дека пазарот треба да си ја задржи својата автентичност во смисла дека и во најголемите светски метрополи има отворени пазари“ вели директорката.
Но оваа активност, е само дел од активностите кои јавното претрпијатие ги презема во изминатиов период објаснува Ангелоска. Во претходниот квартал се инвестираше во осветлувањето на пазарот, објаснува таа. Според Законотот за трговија на зелени пазари, еден од условите кои треба да ги исполни секој организатор на пазар, претставува и обезбедување на осветлување на пазарите, додава Ангелоска.
„Сега отпочна санирање на одделни површини на пазарот кои се најчувствителни на кои најмногу е потребна интервенција. Се користи старата метална конструкција и се поставува нова метална конструкција, за еден дел од пазарот да биде покриен на идентичен начин како веќе покриениот дел на влезот на пазарот со метална конструкција и церада“ вели директорката на ЈП „Градски пазар“.
Колку ќе ги чини, ќе знаат после завршените зафати, вели Ангелеска, но потенцира дека тоа нема да биде многу. Обасјнува дека покривањето ќе се врши сукцесивно и во рамките на можностите, и додава дека во план е изградба на модерен пазар, иницијатива која сеуште е на самиот почеток, па поради тоа, сега нема потреба од големи двојни инвестиции. Инаку ЈП Градски пазар се наоѓа во сложена сосотојба како поради конкуренцијата и појавата на се поголем број маркети и колонијални продавници кои нудат земјоделски прозиводи, така и поради појавата на импровизирани пазарчиња лоцирани на приватни парцели како и на јавни површини, насекаде низ градов.
{loadposition content9}