Skip to main content

ЈП „Градски пазар“ Охрид објави оглас за издавање локација за продажба на сладолед

Графичките прикази со нумеричките ознаки на локацијата заинтересираните можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7 до 15 часот во просториите на претпријатието.
 |  инфодеск  | 
sladoled
сладолед

ЈП „Градски пазар“ Охрид објави јавен повик за прибирање понуди за издавање на времено користење на површина за поставување урбана опрема, фрижидери за продажба на сладолед.

Со огласот е предвидена една локација на улицата „Св. Климент Охридски“, на која ќе може да се постават најмногу два стандардни фрижидери на површина од 4 квадратни метри.

Според огласот, локацијата ќе се издава за времен период од 1 август до 30 септември 2026. 