ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема забава на отворено на Кеј Македонија.
Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.
Право на учество на јавниот повик за изнајмување на простор за поставување на урбана опрема има секое:
- Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
- Физичко лице кое е жител на општина Охрид
- Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
- На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на просторот за поставување на урбаната опрема на трети лица.
Право на учество на јавниот повик немаат:
- Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски кон општина Охрид и кон ЈП Градски Пазар Охрид.
Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/;
Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот (29.05.2024) па се до 04.06.2024 година (вторник) до 12:00 часот.
Пријавата се доставува лично во архивата на ЈП Градски Пазар или со препорачана пошта на следнава адреса: Бул.Туристичка бр.79; 6000 Охрид. Доколку пријавата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите 04.06.2024 година (вторник) до 12:00 часот.
Целиот Јавен оглас ТУКА.