Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за урбана опрема за забава на отворено

Рокот за доставување на понудите трае од денот на објавување на огласот до 2 јуни 2026 година до 12:00 часот.
 |  инфодеск  | 

ЈП Градски Пазар Охрид објави јавен оглас за прибирање пријави за користење простор – локација за поставување урбана опрема за забава на отворено во Охрид.

Според огласот, урбаната опрема ќе биде поставена на улицата Улица Ванчо Николески, а ќе се издава за период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.

Заинтересираните правни и физички лица пријавите можат да ги достават лично во архивата на ЈП Градски Пазар Охрид или по препорачана пошта на адреса: Булевар Туристичка бр.79, 6000 Охрид.

Од претпријатието информираат дека доколку пријавата се испраќа по пошта, таа треба да пристигне најдоцна до 2 јуни 2026 година (вторник) до 12:00 часот, кога е предвидено и отворањето на понудите. Рокот за доставување на понудите трае од денот на објавување на огласот до 2 јуни 2026 година до 12:00 часот.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема и намената на локациите заинтересираните субјекти можат да ги преземат од официјалната веб-страница на претпријатието или директно во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.

Целосниот оглас е достапен на следниот линк:

Оглас бр.11/2026 – прибирање пријави за поставување урбана опрема