Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата
Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на градскиот пазар.
Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на градскиот пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар.
Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги.
Охридскиот градски пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена побарувачка на тезги како резултат на економската криза. Тој тренд е присутен на сите градски пазари во земјава. Кризата и нискиот стандард на купувачите го почувствува и пазарџиите. Цените за закуп на тезгите во градски пазар се исти и не се променти во последните 5 години, велат закупците. Цените на тезгите се определни според категории. Земјоделските производители месечно треба да издвојат 2200 денари за тезга доколку склучат едногодишен договор за закуп. Останатите закупувачи во зависност од производите кои ги нудат издвојуваат и до 3000 денари. Конкурентите од Кам, пак, одат со пониски цени. Така за закуп на тезга за зеленчук во новиот пазар на Кам е 1500 денари месечно со можност за раскинување на договорот во секое време.
{loadposition content9}