Skip to main content

Три дена

Градскиот базен ќе биде затворен за користење

Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Базен Атина Бојаџи

ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, базенот „Атина Бојаџи” ќе биде затворен за користење.

Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП „Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен претстојниот викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето – велат од Јавното претпријатие.

На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули.