Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни
Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни.
Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани. 30 -тина хористи ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.
„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни ќе бидат изведени на македонски, англиски, латински и германски јазик. Најпознатите песни кои ги знаеме на англиски јазик, се потрудивме да ги најдеме во оргинал и да ги преведеме на македонски за да станат поразбирливи за публиката.“
Со овој репертоар хорот гостувал пред две недели и во Нови Сад. Програмата е реализирана со поддршка на Министерството за култура, а како дел од Центарот за култура. Драганa Боцеска, директорка на центарот за култура, кажува дека во текот на 2013 година , нивната институција реализирала 130 настапи, бројни изложби, и претстави , како и разни гостувања на сите субјекти кои работат во нивните рамки. Боцевска оваа година на заминување ја оценува како успешна во нивното работење.
„ Да. Ја реализираве програмата, има проблеми , но оние кои излегуваат ги решаваме. Досега сите проекти кои ги имаме од Министерството за култура и проектите кои сами сме ги зацртале се реалзирани или ги финишираме со програми.“
До крајот на оваа тековна година во охридскиот Центар за култура ќе има и други културни случувања. Во недела ќе се одржи фолклорен концерт на КУД „ Бисери“, па следува балесткото студио Визави, со балетската претстава за деца„ Волкот и седумте јариња“ и една претстава на аматерското драмско студио. Покрај овие настани од културата ќе се одржат и концерт на музичкото училиште и хуманитарен концерт на охридската гимназијата.
{loadposition content9}