Skip to main content

Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни

Градскиот хор исполнува  весели Божиќни песни.

 |  Валентина Неловска  | 
koncert
koncert

Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани.  30 -тина хористи  ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од  музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот  Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.
koncert
„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни ќе бидат изведени на македонски, англиски, латински и германски јазик. Најпознатите песни кои ги знаеме на англиски јазик, се потрудивме да ги најдеме во оргинал и да ги преведеме на македонски за да станат поразбирливи за публиката.“

Со овој репертоар хорот гостувал пред две недели и во Нови Сад. Програмата е реализирана со поддршка на Министерството за култура, а како дел од Центарот за култура. Драганa Боцеска, директорка  на центарот за култура, кажува дека во текот на 2013 година , нивната институција реализирала  130 настапи, бројни изложби, и  претстави , како и разни гостувања на сите субјекти кои работат во нивните рамки. Боцевска оваа година на заминување ја оценува како успешна во нивното работење.

koncert
„ Да. Ја реализираве програмата, има проблеми , но оние кои излегуваат ги решаваме. Досега сите проекти кои ги имаме од Министерството за култура  и проектите кои сами сме ги зацртале се реалзирани или ги финишираме со програми.“ 

До крајот на оваа тековна година во охридскиот  Центар за култура ќе има и други културни случувања. Во недела ќе се одржи фолклорен концерт на КУД „ Бисери“, па следува балесткото студио Визави, со балетската претстава за деца„ Волкот и седумте јариња“ и една претстава на аматерското драмско студио. Покрај овие настани од културата ќе се одржат и концерт на музичкото училиште  и хуманитарен концерт на охридската гимназијата.

 

{loadposition content9}