ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека од четврток 23-ти март до 31-ви март градскиот стадион „Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.
Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева – информираат од ЈП „Билјанини извори“.
Јавното претпријатие им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.