©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Тековни годишни активности

Градскиот стадион ќе биде затворен за користење

Градскиот стадион „Билјанини извори“-фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење во период од 15-ти мај до 5-ти јуни.
 |  инфодеск  | 
Градски стадион

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15-ти мај до 5-ти јуни, Градскиот стадион, односно фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.

Имено, во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште – велат од Јавното претпријатие.

Градски стадион

Од ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе бидат фокусирани согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top