Skip to main content

МВР

Граѓаните кои до 6-ти ноември поднеле барања за замена, да ги подигнат новите лични документи

Новите документи граѓаните можат да ги подигнат во просториите на одделението во  Охрид, Струга, Кичево и Дебар, секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.
 |  инфодеск  | 

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги повикува граѓаните кои до 06.11.2023 година, поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во  Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Новите лични документи можат да ги подигнат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.

„Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните.“ – велат од СВР Охрид