Skip to main content

СВР Охрид

Граѓаните може да ги подигнат личните документи за кои поднеле барања од 15-ти март до 14-ти мај

Документите можат да ги подигнат во просториите на  одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.
 |  инфодеск  | 

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги информира граѓаните кои во периодот од 15.03 до 14.05.2024 година,  поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на  одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тоа, можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.
Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, информираат од секторот.