Граѓаните габаритниот отпад може да го пријавуваат на еко линија
Компанијата Нула Отпад ДОО редовно врши собирање на батерии, електронски и електричен отпад. Охриѓани соработуваат со компанијата, но секогаш има можност за поголема соработка, инфомираат од Нула отпад.
Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно однесување.
„Секој поединец има обврска да го штити, чува и унапредува еко системот. Одговорноста и навиките за примарна селекцијата за опасниот отпад се од исклучителна важност за чиста животна средина за човекот. Свест постои, но мора да се работи и понатака заради неодговорно однесување.
Конкретно во Охрид соработуваме преку Техномаркет, Комуналното претпријатие и Општина Охрид. Се обидуваме да внесеме еко култура во домовите да почнат да го селектираат опасниот отпад,информира Билјана Костадинова од комалниајта О отпад.
„Нашето искуство покажува дека има ефекти. Но мора во континуитет да се работи. Ефектите се најмногу преку соработката и едукацијата во училиштата и работата со децата за еко-култура во секој дом“.
Костадинова напоменува дека поставуваат поголема мрежа на садови за ослободување на отпадни батерии во охридските маркети, приватни компании и организации. Граѓаните може да ги одложуваа непотребните батерии, и другите делови од електронскиот отпад кои понатака ќе се рециклираат.