Граѓаните не се борат за своето уставно право за еколошки чиста средина
Тоа се должи на сплет околности како што се неинформираноста, скапите вештачања при докажувањето на загадувачот, но и немање капаците на институциите, велат од скопскиот Центар за еколошка демократија Флоразон. Тие спроведуваат проект за зајакнување на граѓанското општество со ефикасни правни реформи.
Македонците се почесто дишат загаден воздух, пијат загадена вода, се дават во диви депонии. Досега нема ниедна лична преставка од граѓанин до институциите или судовите за повреда на уставното право за чиста еколошка средина. Граѓаните не ги корист механизмите во заштита на нивното право на здрава животна средина туку тоа го прават граѓанските здруженија, вели Кирил Ристовски претседател на здружение на граѓани Флоразон. Граѓаните имаат оправдувања за својата пасивност.
„Генерален заклучок е дека правдата е многу спора во нашата земја и чини многу пари. Основен проблем е утврдување на причинско-последичните врски во една судска парница по основ на индивидуалното право. Трошоците за вештачење на состојбите може да достигнат и до стотици илјади евра ако има заболување во средина, а се претпоставува дека некој е загадувач“, споделува Ристовски.
Мал е бројот на судски пресуди кои се однесуваат на еколошка правда на граѓаниет кога во земјата имаме енормно загадување во сите животни медиуми, споделува и Евгенија Крстевска, адвокат со специјалност во оваа област. Тоа се должи на неколку фактори меѓу кои неинформираноста на грѓаните, појаснува Крстевска .
„Склоп на околности како долги процеси, собирање на докази, немање капацитет на институциите за собирање и анализа на информации од институциите кои немаат финансиски и човечки ресурси за справување со еколошките проблеми“, вели Крстевска.
Чабак Кис, од Унгарија , како претстваник од земја членка на ЕУ ги сподели нивните искуства во борбата против загадувањето. Прво мора да го усогласите закондавство и да воведете задолжително рециклирање, второ се финансиите кои ги доделува ЕУ за екологијата и поголема одговорност на државата, укажа Кис.
„Овој проблем со загадувањето во Македонија е сериозен. Зачленувањето нема да го реши набрзина овој проблем .Да се биде членка на ЕУ подразбира спроведување на претходно трите посочени работи“,напомена Кис.
Со цел да се има независно, ефективно , квалитетно и транспаренто судство одговорно за заштита на индивидуалното право на граѓаните од здруженито на граѓани „Флоразон“ одржаа обука според проектот финансиран од ЕУ насловен како „ Еднаков пристап за ефективна правда“. Таргет група беа граѓани, претставници од Министерството з а правда, Академијата за судии и јавниобвинители, адвокати, правници и преставник од канцеларијата на Народниот правобранител.