Skip to main content

Иницијатива

Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид

Транспарентност и граѓанска партиципативност во процесот на урбанистичко планирање во делот за изградба на катната гаража во општина Охрид е целта на иницијативата „Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид“. Истата ќе трае шест месеци и ќе ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Иницијатива катна гаража

Обезбедување пристапни и квалитетни информации во врска со изградбата на најавената катна гаража е главниот фокус на иницијативата „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“. Целта е анимирање на охридската јавност и на локалните власти во врска со ова експонирана тема, застапена во повеќе предизборни кампањи. Вахид Мемед, претседател на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид коe e имплементатор на проектот, смета дека ќе се подобри увидoт на јавноста во актуелните случувања и динамика на активностите што локалната ги спроведува по прашањето.

Транспарентност и граѓанска партиципативност во процесот на урбанистичко планирање при делот за изградба на катната гаража во општина Охрид. Тоа подразбира добивање релевантни податоци за граѓаните во врска со постапките, досегашните реализирани активности и споделување на проблемите при реализација на истите со цел граѓанска контрибуција при процесот на нивно надминување.“, кажа Вахид Мемед.

Проектот започна на први ноември со сесии работилници на темата, а иницијаторите веќе поднесоа официјални барања за остварување средба со локалните власти и добивање на физибилити студија за проектот. Останатите активности ќе се спроведат во наредните 6 месеци.

Изработка на СВОТ анализа која содржи предности, слабости, можности, закани за реализација, и тука планираме да ја вклучиме експертската јавност. Оваа иницијатива во себе содржи покрај јавна дискусија и стручна расправа. Значи експертската фела да посочи, да биде запознаена и да се вклучи во проектот на реализација на катна гаража, третата активност ни е изработка на макета и брошури кои за секој еден граѓанин ќе бидат јасно конкретно и читливи и разбирливи. Секој еден да може да го чита и да може да го види проектот на изградба на катната гаража.“, посочи Никола Ѓоршоски, координатор на иницијативата.

Ваков тип иницијативи се спроведуваат на територија на целата држава, а како дополнителна активност предвидена е и компаративна анализа како тоа е решено во останатите општини. Реализацијата на проектот ќе допринесе локалната самоуправа да стане потранспарентна, со зајакнување на релацијата со граѓаните, изгинувајки го односот на повисоко ниво. Иницијативата е во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС).