Skip to main content

Граѓаните прашуваа, градоначалникот одговараше

Асфалтирање на улици, охридската цреша, функционирањето на ЈП, беа само дел од прашањата кои денес му беа поставени на првиот човек на градот, градоначалникот Никола Бакрачески, а дел од нив беа упатени и до премиерот Никола Груевски.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Дел до граѓаните на Охрид и охридско денес имаа можност да бидат лице в лице со градоначалникот Никола Бакрачески. Тие прашуваа, градоначалникот одговараше. Граѓаните се интересираа за повеќе области од нивното секојдневно живеење, но  најмногу беа заегнати со проблемите од комуналната сфера. Наш сограѓанин од ул „Сирма Војвода“, кој неколку пати јавно бараше асфалтирање на потегот помеѓу улиците Сирма Војвода и Момчило Јорданоски, денес доби ветување од првиот човек на градот дека локалната веќе работи на надминување на овој проблем и во најскоро време ќе добијат асфалт.

„Финалната фаза од завршување на тендерот за набавка на услуги за асфалтирање на градски улици и сообраќајници. Во нашата агенда веднаш после завршување на сите постапки прва улица која е поставена на листата приоритети е ул „Сирма Војвода“. Така штом завршат сите постапки пристапуваме со асфалтирање на улицата кај Болничкиот комплекс што навистина за жителите е горлив проблем. Доколку не се затворат асфалтните бази, крај на ноември почеток на декември ќе почнеме да асфалтираме“- изјави Бакрачески.


И велгоштани побараа асфалтирање на пат кој го отпочнал со изградба претходникот градоначалник, и тоа уште во неговиот прв мандат.

„Патот е пошљунчен па се остави така, ваму биле вмровци, ваму сдсмовци..ова го кажувам отворено. Но велгоштани кои живеат покрај патот на ул „Александар Турунџе“ не можат да отворат прозорци од прашина. Прашувам кога ќе се реши овој проблем“ – праша жител на влегошти.
„Александар Турунџе е во програмата за реконструирање и асфалтирање. Така што веднаш после завршување на сите постапки треба да ја проверам листата на приоритети на кое место се наоѓа ул Александар Турунџе инаку предвидена е во програмата за реконструкција“  – одговори Бакрачески.

Друг пак, жител на Велгошти, се пожали на неможноста да си го оствари граѓанското право за градба. На градоначалникот Бакрачески добро му беше проблемот.

„Ние кога ја презедовме општината наидовме на ситуација, во која за ниедно село во Охрид немаше изработено планска документација ниту урбанистички план вон населено место освен за Пештани. Значи ние почнавме да ги работиме за сите села во Охрид. Паралелно одат сите планови, понапред се Коњско, Лагадин, Љубаништа, но работиме и на лескоец и Велгошти. Јас ќе бидам искрен мислам уште неколку месеци ќе треба за да се донесе планот за Велгошти затоа што во меѓувреме се изменаа и неколку законски регулативи во делот на Законот за градба“ – појасни Бакрачески.

Охридската цреша е препознатлив знак за Велгошти. Мештаните беа заинтересирани дали Локалната размислува за подобар пласман на овој автохтон производ.

„Ние успеавме да ја брендираме охридската црешна како охридски бренд, што многу допринесе за нејзин подобар пласман на европските и светски пазари и сметам дека во право е граѓанинот дека тоа е нешто што треба да го помагаме и поддржуваме. Ние во овој момент изработуваме урбанистичка планска документација со намена за откупно дистрибутивен центар, таа ќе биде во Долно Лакочереј, но доколку се укаже потреба ќе изработиме такви плански документации и на други локации во градов“ – кажа Бакрачески.

Покрај прашања до градоначалникот, граѓаните имаа и пофалби, но и доста конструктивни забелешки и сугестии за работата на ЈП во градов.