Skip to main content

Граѓаните се повеќе купуваат подготвена храна во маркетите

Граѓаните се повеќе купуваат подготвена храна во маркетите.

 |  Валентина Неловска  | 

Мусака, гравче тавче, полнети пиперки, пилешки прсти, компир , ориз и риба се почесто може да се купат како  подготвени  јадења  во охридските поголеми маркети. Свежо подготвената  храна ја купуваат различни категории потрошувачи, мажи и жени, млади и повозрасни, велат од охридскиот маркет Миса. Брзиот и современ начин на живот им остава се помалку време на вработените жени да поминуваат подолго време во кујна. Па готовата храна од маркетите често се наоѓа на семејната трпеза по мошне пристапни цени.

„ Сега засега се е барано. Но, зависи од периодот на годишните времиња и  понудата на зеленчукот. Се се троши. Прва цел ние  да ги задоволиме потребите на потрошувачите. По нивни потреби примаме и порачки и подготвуваме храна, “, вели  Стојаноска.

Во маркетот Миса дневно се подготвуваат по 15 видови храна. Секој ден има стандардни јадења. Во зависност од деновите имаме свое мени. Еден ден се подготвува  мусака од компир или во зависност од сезоната се подготвуваат јадења од сезонски зеленчук како што се на пример сармичките од лозов лист или од кисела зелка,  но и други видови храна. Се води сметка и за најразличните гастрономски потреби на купувачите, вели Стојаноска.

„ Најчесто во среда и петок, обично во деновите кога имаме пости подготвуваме посна турли тава, риба, ослич, гравче тавче, пекарски  компир, посен ориз“, набројува Стојаноска.

Подготевната храна  е свежа и воопшто не останува од денес за утре, нагласува Стојаноска. Кујната  во маркетот каде што се готви храната работи седум дена во неделата и постојано може да се купи  готова храна во секој дел од денот за појадок, ручек или вечера.