Skip to main content

Старт Ап центар

Граѓаните се запознаваат со Касарна Хаб

Веќе еден месец креативни отворени денови во Касарна Хаб.Инкубатор и акцелератор на идеи, удобен коворкинг простор, можност за вмрежување на иновативци се дел од понудените содржини. А ќе следуваат и предавања и обуки од област на развој на технологијата. Интензивните активности со цел идеите да се претворат во производи и бизниси, а со тоа младите да се задржат за работат и живеат во Охрид, допрва следуваат.
 |  инфодеск  | 
Касарна хаб

Стартап центаротот Касарна Хаб веќе еден месец е отворен за јавноста. Веќе започна одржувањето на редовните Отворени денови секој петок, активност со цел запозанвање со охриѓани, граѓански организации, професори и бизнис фелата.

Oд досега одржаните креативни средби впечатокот на стручните лица во хабот е дека охриѓани имаат иновативни и интересни идеи. Целта на овој инкубатор и акцелератор е да се поддржат добрите идеи да прераснат во нови иновативни дигитални бизниси и поддршка и забрзување на развојот на постоечки фирми преку дигитализација, потенцираат од Касарна Хаб.

„Им нудиме помош при самото основање, при самата идеја, понатаму помош доколку немаат фонд, нели најголем проблем се средствата, имаме ангели инвеститори. А за оние традиционални бизниси или компании кои својот напредок го гледаат во дигитализација Хабот нуди помош при пишивување проектна документација, пронаоѓање фондови за потребите кои ги имаат“,-кажа Ристе Николески, Менаџер на Касарна Хаб.

Дополнително Хабот ќе обезбеди поддршка во облик на менторства преку организирање на 26 настани, предавања во соработка со корпорации и експерти во вид на обуки од област на развој на технологијата.

Обука за проект менаџер за водење на проектите, скрам мастер, одедени програмски јазици кои се потребни на младината за нивен развој за директно од средно училиште би работел на платформа и да зема солидна плата, кај нас висока плата. Во најдогледно време ќе организираме хакатон, ќе се креира одредена апликација, ќе трае неколку дена, ќе се пријават учесници, млади кој сакаат да учат кодираат да се дружат со искусни инженери во струката и тоа е многу битно да му се даде мотив на младите лица да работат за себе, бидејќи со онлајн работата си отворен на целиот пазар во светов“-издвојува Ристе Николески, Менаџер на Касарна Хаб.

Касарна Хаб има и удобен бесплатен коворкинг простор за работа на дигиталните номади, место за креативна дружба, вмрежување на луѓето и нивна комуникација, со можност граѓански организации да организираат свои настани, а постои и тивка соба за развивање на идеите.

Касарна Хаб е на самиот почеток од своето функционирање чие официјално отворање, како дел од поширокиот проектот Ohrid GO, се очекува наскоро.