Граѓаните треба да го препознаат историскиот момент за иднината на земјата
Имаме поддршка од меѓународната заедница за влез на Македонија во Нато и ЕУ. Граѓаните треба да го препознаат историскиот момент за иднинат на земјата. Останува на претстојниот референдум да ја кажат својата определба, порача Андреј Жерновски, заменик министерот за надоврешни работи од меѓународната конференција „Транс национални безбедносни закани“ која се одржува во Охрид.
Членството во Нато алијансата е многу важно за нашата земја, покана имаме, но влезот во воениот сојуз ќе следи по завршување на евроинтеграцијата на земјава, рече Андреј Жерновски заменик министерот за надворешни работи. Добиваме поддршка од меѓународната заедница и останува на претстојниот референдум граѓаните да го препознаат историскиот момент за земјата, напомена Жерновски.
„ Колку е важен референдумот говори фактот што некои наши пријатели од меѓународната заедница кажуваат дека е од историска важност, не само за Македонија туку и за регионот. Позитивните вибрации од Македонија по договорот со Бугарија и со она што ни претстои со Грција праќаат сигнали и решавање на отворените прашања на Балканот. Прилично сум убеден граѓаните на Македонија ќе го препознаат историскиот момент и ќе знаат што да направат на 30 септември“, кажа Жерновски заменик министерот за надворешни работи.
Справувањето со безбедносните предизвици во регинот без членството во Нато е невозможно, истакна и професор д-р Стојан Славевски од Европскиот унивезрзитет од Скопје .
„ Нато е многу важен за регионот и за РМ. Ние долги години правиме напори да станеме членка на Нато и сега е моментот да се отвори вратата за безбедност не само на Македонија туку и на регионот. Ние вложивме многу во реформите останува уште овој чекор на политчки план за да се заврши успешно оваа приказна со НАТО“, истакна проф. Славески.
Обврските на Македонија нема многу да се разликуваат во однос на досегашното учество во мировни операции, она што и досега го работиме онаму каде НАТО учествува“, рече професорот Славевски. Според него, се очекува по завршување на процесите, на самитот на Нато да станеме негова полноправна членка до крајот на 2020 година.
Заменик министерот за надворешни работи Жерновски и професор д-р Славевски денеска учествуваа на Меѓународната конференција „Транснационални безбедносни закани“ која се одржува во Охрид во организација на домашни и меѓународни институции.