Skip to main content

Вклучување на граѓаните

Граѓански буџет за 2023 во Општина Дебрца

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, понеделник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Граѓански буџет општина Дебрца

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници – информираат од Општина Дебрца.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, понеделник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца, каде поканети ќе бидат претседателите на Месните заедници да ги дадат своите идеи, односно поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2023 година, додаваат од Општина Дебрца.

Повеќе информации на следниот линк