Skip to main content

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува


Скршената гранка од Чинарот сеуште трн в око на охриѓани, но и туристите.

 |  Маленкова Татјана  | 
cinar Ohrid
чинар

И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите.
Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува.

Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори доктори од земјоделскиот факултет кои имаат предавања но и други обврски. „Во фаза сме на реализирање на подготовките за увидот, по што ќе дојдеме во Охрид и ќе се земат матријали за да се види кои заштитни мерки ќе бидат предложени на научно и на стручно ниво од наша страна, а потоа тие мерки ќе бидат спроведувани врз база на посебна програма за која општина Охрид од секторот за урбанизам ќе побара  дозвола за спроведување на истите  за конзервација за зачувување на Чинарот“, истакана за ТВ М биологот кој е дел од експертскиот тим за Чинарот, Александар Настов.

„ Ние правиме напори тоа да биде до крај на годината. Еве сега се подобрија временските услови и ќе cinar Ohridгледаме тоа да биде час поскоро, но тоа не зависи од нас. Ако беше само стручен увид ќе го направевме одма, но имајќи во предвид дека инспекторатоат веднаш направија увид, за што има записници“, вели Александар Настов, од министерство за животна средина.

Настов порачува да се почитуваат мерките наложени од Инспекторот за животна средина и  општината, според кои треба делот каде е скршената гранка од Чинарот да се обезбеди, затоа што матријалот кој е скршен е потребен за научни цели.

„Скршеното стебло ќе се даде во посебни збирки на универзитетите и на други места бидејќи овие се монументални стебла стари 11 века“, додава Настов.

Обвинувањата дека Чинарот не е соодветно конзервиран и покрај тоа што Kонзерваторските зафати предводени од скопскиот конзерватор Љупчо Иљоски се одвиваа на почетокот на јуни оваа година Настов во целост ги побива.

„ Ова прашање е стручно, и јас сум билог и ќе се обидам дипломатски да ви одговорам. Конзервацијата која беше во јуни е врз база на програми и мерки на министрство за животна средина за периодот кога беше констатирано што треба да се направи. Ова е временска непогода  и може и на столетно здраво дрво да се случи таква ситуација. Поради отежнување на снегот имаме такви ситуации дали на крошната на гранките дел од стеблото и.т.н  Овој пат проблем беа временските неприлики. Не станува збор за конзервацијата дека не е добра. Баш на таа источна источна страна конзервацијата е целосно завршена“, вели преставникот на министерство за животна средина.

Она што навистина ги загрижува охриѓани е прашањето кое се погласно се повторува, а тоа е дали Охрид го губи стариот Чинар?
За волја на вистината Чинарот беше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа на почетокот на месец декември. Останува да се недевеме дека експертскиот тим сепек ќе се комплетира и конечно ќе изготви прокт со кој ќе се заштити и најфотографираното дрво старо 11 века – Чинарот кој е одбележје на Охрид.

{loadposition content9}