Грци повторно на охридската ривиера за Божиќ
Хотелите на охридското крајбрежје се закупуваат од гости од соседството за претстојните новогодишни празници. Од регионот, Српски и Грчки туристи се најзаинтересирани зимските празници да ги поминат на Охридското езеро. Хотелиерите, најчесто нудат полупансионско сместување за дводневни и тродневни аранжмани . Во хотел „Нова Ривиера“ за божиќните празници има закуп на сместувачките капацитети од Грчки гости, информира Анѓел Анѓелески, менаџер на хотелот.
„Интересот е голем за католички Божик. Има интерес и за Нова Година. Имаме понуди за тридневни и четвородневни аранжмани на база на полупансион. Има гости од Македнија, Србија, БиХ, Хрватска, Грција“, напоменува Анѓелески.
Домашните гости, пак покажуваат најголем интерес за релаксација од секојдневните обврски во предновогодишните забави.
„Има голем интерес за предновогодишните забави. Од досегашното искуство, можам да кажам дека има поголем интерес за нив од колку за дочек на Новогодишната ноќ“, вели Анѓелески.
Додека, Грчки туристи се враќаат на охридската ривиера за претстојните Божиќни празници, интерес нема од Бугарски гости. Слична е ситуацијата за закуп на туристички аранжмани и во останатите поголеми хотелски објекти на крајбрежјето.
Во хотел „Милениум“, за Божиќните празници ќе претстојуваат Грчки туристи, а за Новогодишните аранжмани се најзаинтересирани Српските гости. И тука се нудат најчесто тродневни аранжмани на база на полупансион.
Во хотел „Инекс Олгица“, нема понуда на аранжмани за Католички Божик додека за Новогодишните празаници тродневните аранжмани им се најбарани од туристичките агенции во Србија.
Хотелиерите се задоволни од интересот на гостите и ги подготвуваат нивните гастрономски понуди. Покрај добрата храна и пијалоци ќе се погрижат и за добра музичка забава на нивните гости.