Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен
Разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка, МПЦ засега не планира да го врати во првобитната состојба, иако пред две години со решение на инспекциските служби на Управата за културно наследство тоа им беше наложено. Како што велат од Дебарско -кичевската епархија, од наесен планирале да преземат активности во овој дел.
До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години.
Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот.
Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната состојба велат од Дебарско Кичевската епархија.
Додаваат дека причина за тоа е забраната за градежни активносати во страриот дел на градот. Но од наесен, просторот ќе се уредувал, како што велат од епархијата, според планираните активности.
Инаку Македонската Православна црква пред две години започна активности за изградба конак во дворот од црквата, што според директорката на НУ Завод и Музеј Охрид Тања Бунташеска Паскали, тоа било бесправно и истите беа стопирани од инспекциските служби при Управата за заштита на културно наследство и со записник и решение на МПЦ и беше наложено срушениот ѕид да биде вратен во првобитна положба.
{loadposition content9}