Skip to main content

Mобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger

Тимот GreenForce од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ меѓу 8те најдобри во државава

Во конкуренција од 31 пријавен тим, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите осум тима од цела држава.
 |  инфодеск  | 

Тимот GreenForce од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ -Охрид со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger учествува во програмата на RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) – програма за идните млади социјални и зелени претприемачи.

Во конкуренција од 31 пријавен тим, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите осум тима од цела држава.

На 24.10.2023 г. тимот GreenForce составен од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од III-3, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успешно го поминаа интервјуто со жири-комисијата и успеаја да се пласираат во втората фаза од оваа програма.

На 4.11.2023 г. ученичката Ана Спироска и менторката Ирена Ралева-Најдевска успешно ја поминаа програмата за вовед во социјално претприемништво од страна на RISE програмата која се одржа во Скопје.

„Во периодот што следува им претстојат осум онлајн и три физички средби за доразвирање на оваа идеја и во февруари 2024 година ќе се претстават во живо пред стручното жири. Им посакуваме успех!“ – велат од училишниот центар „Св. Наум Охридски“.