Skip to main content

Греењето во охридскиот студенски дом е без проблеми

Греењето  во охридскиот студенски дом  е без  проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридскиот студенски дом Никола Карев греењето тече без проблеми. Имаме обезбедено  доволни  количини на нафта за грејната сезона информира директорот Марјан Ристески. Во вонредни услови на минус 16 , 17 па и 19 степени има дополнителни проблеми насекаде па и во нашата инстутиција, но тие тековно се решаваат, вели Ристески.

 

Кажува  дека во моментов во домот се сместени 30- тина студенти, владини стипендисти, од африканските земји кои студираат на Универзитетот за информатички науки и технологии  Св. Апостол Павле .

„Покрај централното греење  им дозволуваме на студентите да корисат дополнително грејни тела неограничено 24 часа со оглед на студенто време кое ја зафати целата држава. Имаат на располагање колку што им е доволно топлина“, информира Ристески.

Државниот студентски дом Никола Карев располага со капацитет од 230 легла, а во моментов тука се сместени 160 студенти. Во годишната Инвестициона програма од домот предвидуваат во претстојниот период да се зголеми енергетската ефикасност на објектот.

„ Меѓу тие активности е и замена на надворешната дограма изработена од чамово дрво стар 50 години која ја има изгубено функцијата. Со поставување на ПВЦ дограма би имале поголема енергетска ефикасност. Со помош на Министерството за образование и наука ќе гледаме во идниот период да направиме одредени интервенции “, кажува Ристески за планираните зафати.

 10 -тина години студенскиот дом има и соларен систем за загревање на  водата  со што се прават големи  заштеди на електричната енергија. Ристески напоменува дека по една деценија и на овој систем му е потребна обнова.