Во сабота (23.12.2023) на плажата Сараиште ќе се одржи второ издание на предновогодишната винил забава, поткрепена со греено вино и божиќен маркет со рачни изработки.
Настанот е од хуманитарен карактер, односно сите средства што ќе се соберат ќе бидат донирани за хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“.
Ди-џеите, т.е. винило вртачите за ова издание ќе бидат: Vanco Play, Tome Rootboy, Zupsan, Acko, DJ Dostin, DJ Martino, DJ Oli.
– Ги повикуваме сите колекционери на плочи да донесат неколку омилени да ги чуеме на грамофон. Ќе може да си купите нешто од повеќето штандови на уметници што изработуваат рачни изработки, најразлични мали подароци, свеќи, новогодишни украси, слики, беџови… А, секако, благодарение на Kadmo Bar и Jazz Inn, да се насладите со греено вино, топла ракија и чајче, порачуваат организаторите Културолошка иницијатива 5 до 12.
На овогодинешниот базар свои штандови ќе имаат: Simplycated, Copper Art, Sweet Dreams Factory, Mh CandelCo, Texturedora, Boketto, Art with love, Kreema Woods, Why Knot macrame design, The Candle Shop, Brillo, Balkocrafts, Bache Handmade Design, Снегулки, The sweet room, Anart.
Почеток е во 11 сатот до зајдисонце.
Артисти кои сакаат да изложат свои изработки на базарот можат да се пријават на следната пријава: https://forms.gle/uYPFWMPy7a1gRU9k6