Skip to main content

Книжевен настан

Григор Прличев во компаративен клуч

На 24-ти март ќе се одржи книжевен настан „Григор Прличев во компаративен клуч“. Професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од д-р Милан Ѓурчинов „Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.
 |  инфодеск  | 
Соба на Милан Ѓурчинов

Во пресрет на 25-ти март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова во петок на 24-ти март организираат книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“.

Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од  смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов. Не случајно за првпат за јавноста се отвора дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата – велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Куќа на Милан Ѓурчинов

Професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од д-р Милан Ѓурчинов „Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.