ракомет
ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на Бутел
ГРК Охрид во сабота ќе ја пречека екипата на Бутел од Скопје. Напреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ во 18 часот.
Во сабота 26-ти март, ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на РК Бутел од Скопје во второто коло од Супер лигата.

Ова ќе биде прв натпревар на домашен терен во плеј-офот од Супер лигата.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“, со почеток во 18 часот.
Влезот ќе чини 50 денари.


