Skip to main content

ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер

Охридските ракометари не успеаа да се изборат за победа на вчерашниот натпревар во Битола против Еурофарм Пелистер. Натпреварот заврши со резултат од 30-14 во полза на Еурофарм.

 |   | 

Охридските ракометари вчера беа поразени од екипата на Еурофарм Пелистер, со 30-14 во 14-то коло од суперлигашјиот плејоф.
Четири погодоци постигна Тот, Манасков и Иваноски по три, а по еден гол постигнаа Андоновски, Соколов, Младеновиќ и Шулески.

Со ова се заокружени натпреварите во ракометната Супер лига за сезонава.

Еурофарм Пелистер и покрај победата над Охрид остана на втората позиција, поради послабиот меѓусебен скор со Вардар во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула, по победата над Металург, а „гладијаторите“ завршија шести со 15 бодови.