Skip to main content

ГРК Охрид пред нов сериозен предизвик

На крилата на победата над Металург охридските ракометари патуваат во Битола каде ги очекува нов предизвик во екипата на Еурофарм пелистер 2. Бодовите од овој дуел се неопходни, охриѓани се фаворити но во двата досегашни пријателски натпревари младите битолчани се покажаа поуспешни. 

 |   | 

По вистинското дерби полно со неизвесност, пресврти и заслужената победа обезбедена во последните секунди над Металург, градскиот ракометен клуб Охрид го очекува нов сериозен предизвик. Во недела на гостински терен треба да се победи втората екипа на Еурофарм Пелистер.  

„Една добра екипа што сака да се надигрува без разлика со кого игра. ние ја имаме фаворитската улога и доколку сакаме да ја оствариме нашата цел а таа е догодина да играме во Европските купови мораме да издвојуваме победа на овој натпревар.“ – вели крсте Андоновски

Познато е дека битолчани играат без притисок, дека главен адут им е одбраната а  опасноста доаѓа од бековите Дрогишки, Талески и Петровиќ. Она што е непознато е променливата игра на помладите играчи како Стоилевски и Атанасиевиќ па не знае кој играч ќе се истакне. Иако охриѓани се фаворити треба да се напомене дека оваа сезона два пати мораа да им честитаат на противниците. Според Андоновски поразите во пријателските натпревари се должат на полежерната игра која не е репер за вистинскиот квалитет на ракометниот колектив од Охрид.    

„Изгубивме на два натпревари но тогаш се воигруваше екипата, се вежбаа комбинации, се гледаше кој колку може да одговори на обврските и мислам дека тие натпревари не треба да бидат репер што ќе се случува во недела.“– изјави Андоновски.   

Капитенот на гладијаторите ветува максимална ангажираност особено во одбраната која секогаш е клучна за победа. Дуелот Еурофарм Пелистер 2 со Охрид е закажан за во недела во 16 часот.