Skip to main content

ГРК Охрид со победа над Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на ГРК Охрид вчера со 24-21 го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер 2. В сабота ги очекува „езерското“ дерби со Струга во салата „Тодор Александров“.

 |   | 

Охридските ракометари на домашен терен го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер со 24-21, во 12-то коло од плејофот.
Голманите Брауновиќ и Даниловски беа на висина на задачата, а меѓу стрелците се истакнаа Мартин Манасков и Николче Ристески со по четири погодоци и Димитриески и Николов со по три. „Гладијаторите“ се шести на табелата со 12 бодови.
Оваа сабота во салата „Тодор Александров“ ќе се одигра „езерското“ дерби со Струга.