Skip to main content

Гробиштата во Пештани стануваат претесни

Гробиштата во Пештани стануваат претесни. Мештаните реагираат Локалната самоуправа на Охрид што побрзо да изнајде решение за овој горлив проблем. Градоначалникот вети долгорочно решение на проблемот.

 |  Николоска Биљана  | 
pestani grobista
пештани гробишта

Постојните гробишта во туристичката населба Пештани веќе се исполнуваат, а на таа локација повеќе нема простор за ширење. Пештани ќе нема каде да ги погребува покојните, ако во меѓувреме не се изнајде некоја нова локација, укажува претседателот на Месната заедница Драган Тренески. Тој кажа дека стручните служби на општина Охрид биле известени за овој горлив проблем и ветиле дека  ќе изнајдат начин за негово решавање.

pestani grobista„Самото проширување е технички неизводливо и како модерна туристичка населба бараме дислокација односно отворање на нови гробишта. Тие нови гробишта со новиот урбанистички план се предвидени над селото, на месноста викано Краста, кога ќе дојде до реализација на таа идеја не можам да ви одговорам во овој момент се работи за еден комплексен проблем каде што се потребни различни истражувања и испитувања така да се надевам што поскоро да биде решен овој проблем“  – вели Тренески.

Факт е дека пештанци се соочуваат со реален проблем, односно обезбедување на простор за гробиштата, категоричен првиот човек на градот Никола Бакрачески.

pestani grobista„Ние како Локална самоуправа ги пративме стручните служби на лице место да ја проверат и проценат фактичката состојбата која што ја имаме таму и навистина утврдија дека делот кој што овозможува проширување на гробиштата е претесен за да би можеле истите тие да се шират во непосредна близина и од тие причина при изготвување на новата урбанистичка планска документација за село Пештани која што е во завршна фаза од реализација предвидовме локација која што ќе биде во непосредна близина на селото меѓутоа која што според површината ќе овозможи сместување на новите градски гробишта“ – изјави Бакрачески.

Од месната заедница свесни се дека проектот за обезбедување на локација за новите гробишта е скапа инвестиција. Но со оглед дека Пештани е единствената М.З. на подрачјето на општина Охрид која во процесот на урбанизиација е влезена уште во далечната 1957 година, согласно законот, износот што се наплаќа од мештаните за комуналии од ова место треба да биде вратен во подобрување на инфраструктурата. Од М.З. исто така додаваат дека она што досега се правело за Пештани било премалку а со новата градска власт работите почнале да се придвижуваат кон подобро. Тие веруваат дека за брзо време и проблемот со гробните површини ќе биде надминат.

{loadposition content9}