Се намали цената за гробните парцели на полето 5
Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја
наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска
состојба.
Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување, отколку продавање на гробно место.
Петкуќески пак образложи дека таксата за гробарина во 2011 била 1200 денари, а во 2012 год. – 700 денари. Тој е категоричен дека кризата си го прави своето, а ова го поткрепи со тоа што во просек од 36 погреби месечно, во ЈП се продаваат 5 парцели.