Skip to main content

Урбанизам

Грст институции се „грижат“ за урбанизмот во Охрид

„Ниту еден план кој ние како служба го доставуваме пред советниците, не е без добиено позитивно мислење од Комисијата за урбанизам при Општина Охрид и Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“ – вели Татјана Стојческа, Сектор за урбанизам, Општина Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Пристаниште

Утврдувањето на Нацрт деталните урбанистички планови во Охрид и самите постапки за нивна изработка и донесување, како и носењето на урбанистичките и плански документации стануваат посложени. Владата на крајот на месец септември го задолжи Министерството за транспорт и врски, а им укажа на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, сите урбанистичко плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма. Живка Ангеловска – Координатор советничка група СДСМ, на последната седница на Советот на општина Охрид запраша дали општина Охрид може да одговори на ваквиот предизвик?

„Ме интересира ставот на Локалната самоуправа, во однос на укажувањата кои не знам дали на писмено официјално дефинитивно ги добила општината или во иднина ќе ги добие, каков е вашиот став по однос на тие укажувања, колку е општината спремна да одговори на тие укажувања, зошто јас спомнав едно, а има повеќе работи кои се однесуваат на општината, зошто надлежностите се поделени помеѓу различните институции“, – праша Живка Ангеловска – Координатор советничка група СДСМ.

„Ниту еден план кој ние како служба го доставуваме пред советниците, не е без добиено позитивно мислење од Комисијата за урбанизам при Општина Охрид и Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, иако станува збор само за препораки“, одговори Татјана Стојческа, Сектор за урбанизам, Општина Охрид.

„Сите препораки ние ги практикуваме, без оглед што не можеше нас да не задолжат, ги задолжуваа Министерствата. Апсолутно се е применето. Зошто инаку обратно во Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, нашите предмети немаше да поминуваат. Така да, и во тој аспект гледаме ајде да не кажам да сме 100% во позитива“, – објасни Татјана Стојческа – Сектор за урбанизам, Општина Охрид.

Владата на крајот на месец септември ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Исто така, Министерство за транспорт и врски се задолжува, а се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, во прецизирани рокови, секој во рамките на своите надлежности, да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија за отстранување и за коишто се обезбедни финансики средства за остранувањето.