На 60-тиот Државен натпревар на млади природници и техничари кој викендов се одржа во Велес, учениците од ООУ „Григор Прличев“ освоија бројни награди и медали.
Лео Нелоски IX одд. освои I место во категоријата Конструкторство, под менторство на наставникот по техничко образование Благоја Ристески. Наум Смилевски VIII одд. освои I место- златен медал и Јон Ѓорѓиевски VIII одд. освои III место во категоријата Применета физика, под менторство на наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.
Hа натпреварот учество зедоа 300 ученици кои се натпреваруваа во различни категории.
Чест ни е исто така што нашето училиште оваа година за прв пат имаше свој претставник во областа кино и видео техники, талентираниот Прличевец, Иво Георгиески кој своето училиште успешно го претстави со свој режиран краткометражен филм ,,Да почнеме од нас” под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска чија главна улога се никој друг туку #ПРЛИЧЕВЦИТЕ, а темата на филмот е денешната актуелност БУЛИНГОТ, филм кој пак својата премиера пред #прличевци ќе ја доживее следниов период – информираат од ООУ „Григор Прличев“ Охрид.