Skip to main content

Премиерот Никола Груевски во Охрид

Премиерот Никола Груески заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
пуштање во употреба пат
пуштање во употреба пат

 

пуштање во употреба патПремиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј.

Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски.

Груевски кажа дека Владата на РМ инвестирала 48 милиони евра за изградба на локални патишта со кои средства се реконструирани 322 локални патишта низ државава. Тој најави дека оваа година ќе се заврши проектната документација за новиот експресен пат Охрид- Пештани вредна 60милиони евра. И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се осврна на приоритетите кои си ги зацрта Владата околу подобрување на патната инфраструктура низ земјава.

-Како никогаш досега во РМ во моментов се градат 132 километри нова автопатска мрежа. Тоа се патиштата од Кичево до Охрид од Скопје до Штип и автопатот од Демир Капија до Смоквица, рече министеро Јанакиески.

Градоначалникот Никола Бакрачески им се заблагодари на премиерот и Владата за подршката што и ја даваат на Охрид како најзадолжена општина.

пештани-Веденаш по превземањето на мандатаот активно се посветивме на создавање што е можно подобри услови за приградските и селските населби во општина Охрид и во соработка со Владата на РМ и со Агенцијата за патишта започнавме реконструкција на патот од Долно до Горно Лакочереј, рече Бакрачески.

Премиерот, министрите и градоначалникот го посетија  и Пештани. Градоначалникот Бакрачески најави дека ќе продолжи уредувањето на новиот кеј во правец кон Лагадин потенцирајќи дека локалнта има цел овој дел од охридското крајбрежје да биде најатрактивно туристичко место во охридскиот регион. Денешната официјална посета заврши на  Плаошник каде премиерот на лице место можеше да види со која динамика се одвиваат градежните зафати на овај локалитет.

Плаошник-На локалитетот Плаошник интензивно се работи. Можиме да видиме дека  резиденцијалниот објект на дебарско-кичевската епархија веќе е затворена карабина, на манастирскиот конак треба да се направи уште кровот како и на трите објекти, музејот , галеријата и библиотеката, рече министерката Канческа Милеска.

Милеска додаде дека се оди со зацртаната динамика и дека овој голем проект треба да заврши до почетокот на 2016та-2017та.

Инаку, синоќе премиерот имал работен состанок со градоначалникот Бакрачески и со министерот за транспорт и врски на кој станало збор за неколку значајни проекти за Охрид меѓу кои и марината и пешачката патека до Канео. Премиерот обелодени дека пешачката патека ќе започне да се гради во седината на 2015та а ќе заврши до крајот на 2016та. Што се однесува на марината таа е во фаза на идејно решение во 2016та ќе се знае дали ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. Премиерот очекува во 2018та Охрид да добие марина односно адаптација на постојното градско пристаниште со два дополнителни крака на истото.

Чаршија

{loadposition content9}